Земјите кои во моментот вакцинираат млади, здрави, ниско ризични луѓе против ковид-19, го прават тоа на штета на животот на здравствените работници, возрасните лица и другите ризични групи во останатите земји, истакна првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.
Шефот на СЗО посочи дека неправедната дистрибуцијата на вакцините не е само морален гнев, туку е и економски и епидемиолошки самоуништувачка.
Предупреди дека се зголемува нееднаквоста во пристапот до вакцини против коронавирусот меѓу богатите и сиромашните земји и повтори дека светот е на работ на катастрофален морален неуспех ако не се преземат итни мерки за да се обезбеди правична распределба на вакцините против коронавирусот.
– Додека некои земји се натпреваруваат да го вакцинираат целото свое население, други држави немаат ништо – рече Гебрејесус.