Употребата на дополнителни дози на вакцина против Ковид-19 кај целата популација засега не е оправдана, оценија експерти од СЗО и американската Агенција за лекови (ФДА).
–Вакцините, кои се во ограничени количини, ќе спасат најмногу животи ако ги дадеме на луѓе кои се изложени на висок ризик од тешка форма на ковид и кои се уште не се вакцинирани, пишуваат експертите во британското медицинско списание „Лансет“.
–Тековните податоци не ја покажуваат потребата за повторна вакцинација на целата популација, бидејќи ефикасноста против тешките форми останува висока, продолжува групата меѓународни експерти, која вклучува експерти од Светската здравствена организација и ФДА, како и неколку истражувачки организации од целиот свет.
Можноста за дополнителна, обично трета доза, за целото население е предмет на жестока дебата.