Иако се шпекулираше дека флурон е нова варијанта на Ковид-19, тоа не е.
Последната откриена варијанта беше омикрон, а Светската здравствена организација (СЗО) оттогаш не идентификуваше ниту една друга варијанта.
Имено, кога телото е нападнато од коронавирусот и вирусот на грип во исто време, тоа е болест наречена флурон, чие име е измислено од два вируса.
И грипот и Ковид-19 се болести кои влијаат на респираторниот систем и имаат слични симптоми.
Според Светската здравствена организација, симптомите на грип и Ковид-19 варираат од личност до личност, но постои група на исти симптоми кои се пријавени кај пациенти, пишува Business Insider.
Тие вклучуваат губење на вкус и мирис, треска, кашлица, отежнато дишење, губење на апетит и болка во градите.
СЗО вели дека благите симптоми на флурона може да се лекуваат дома и дека нема потреба од хоспитализација.
Сепак, постојат потешки симптоми на флурон, а тие може да вклучуваат пневмонија, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.