Угостителите во Белград го поздравуваат олеснувањето на мерките, откако денеска беа отворени летните тераси на кафулињата.
Угостителите ги извадија масите и столовите, а обезбедија и ќебиња поради ниските утрински температури, пишува „Блиц“.
Граѓаните сакаа да го испијат првото утринско кафе во омиленото кафуле, па првите гости пристигнаа околу 8 часот.
Од утрово, во 6 часот стапија на сила нови олеснителни мерки против коронавирусот, со што на угостителите ќе им биде дозволено да работат на отворено до 22 часот, со почитување на сите епидемиолошки мерки.
Максимум пет лица можат да седат на иста маса, со задолжително растојание од два метра меѓу масите.
Забрането е изведување на сценска музичка програма, односно музика во живо на летните тераси.
Трговските центри остануваат затворени до ново известување, како и кафулињата и рестораните кои немаат отворен простор.
Неофицијално Комисијата за заразни болести побарала продолжување на траење на мерката полициски час, започнувајќи од 20.00 часот и делумно или целосно затворање на угостителските објекти.
Србија полека излегува од кризата поради голем број вакцинирани лица и поради ефикасноста на мерките, додека во Македонија допрва започнува период на неизвесност.