Бугарскиот премиер Петков денеска испрати порака по повод 150 годишнината на раѓањето на Гоце Делчев.
Тој ја искористи можноста да нагласи дека Гоце Делчев е дел од заедничката историја на Бугарија и Македонија.
Но она што многумина го забележаа и приговорија е употребата на именката „народот во Северна Македонија“ наместо „Македонија“.
Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев. Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од Северна Македонија. Тој е еден од личностите кои ги прават горди и двата народа.