Тимот од истражувачи потврди 17 кандидатски соединенија во неколку типови клетки, вклучително и белодробни клетки добиени од човечки матични клетки, во кои се обидоа да имитираат инфекција на респираторниот тракт со вирус САРС-КоВ2.
Девет соединенија покажаа антивирусна активност кога се користат во разумни дози, вклучително и лактоферин, протеин присутен во мајчиното млеко кај цицачи и достапен без рецепт како додаток во исхраната добиен од кравјо млеко.
–Откривме дека лактоферинот е исклучително ефикасен во спречувањето на инфекцијата; работи подобро од се што сме истражувале, рече Секстон.
Тој додаде дека раните податоци сугерираат дека ефикасноста постои дури и кај инфекции со понови варијанти на SARS-CoV2, вклучително и високо преносливата варијанта на делта.