Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи, информираат од Македонија пат.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Во текот на вчерашниот ден поради обилните врнежи од снег од 18.00 се воведе забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот превој Пресека.