Божиќ е период кога треба да уживате со вашите најблиски и кога треба да бидете благодарни за сè што имате.
Не објавувајте лоши работи, не бидете цинични, себични или неблагодарни.
Што не треба да објавувате?
- Расправии со партнерот
Ако не си поминавте убаво за Божиќ, ако сте разочарани од вашиот партнер кој ви го упропастил празникот, не споделувајте фотографии со цитати и објави на социјалните мрежи. Големи се шансите дека со тоа само ќе ја влошите состојбата.
- Вашите политички ставови
Божиќ е време кога треба да се посветите на семејството, да уживате и да се воздржите од непотребни коментари на социјалните мрежи.
- Фотографии од други луѓе без нивна дозвола
Не објавувајте фотографии само бидејќи ви се допаѓа како сте излегле вие, а другите не. Доколку планирате да објавите фотографија со деца, побарајте дозвола од родителите.
- Селфи фотографии
Божиќ дефинитивно не е време кога треба да објавувате провокативни фотографии, па воздржете се и објавете ги некој друг ден.
- Подароци што сте ги добиле
Можеби имате многу пари и тоа е супер, но има некои луѓе кои едвај имаат пари за вкусен ручек или немаат пари за скапи подароци какви што вие сте им купиле на вашите деца.
Бидете чувствителни и доколку сте во можност – помогнете на некое семејство.