Премиерот на Македонија, Зоран Заев во текот на вчерашниот ден објави дека со усвоениот ребаланс на буџетот овозможени се 470 милиони евра за четврт пакет антикризни мерки за справување со економските последици од епидемијата.
Покрај тоа, овозможени се средства за реализирање на 19 локални проекти меѓу кои и реконструкција на Универзалната сала во Скопје.
Помеѓу другите локални проекти, позначајни се реконструкции на спортски сали, градење на канализациони мрежи, мостови и патишта, а како еден од позначајните проекти се наведува и еколошко решение за управување со отпад на туристичкото место Маврово-Ростуше.