Бихејвористичките психолози издвоиле неколку постапки кои ги прават луѓето кога се во близина на некој што им се допаѓа.
Ова се сигурни сигнали да препознаете дека му/и се допаѓате:
- Физичка близина
Тој/таа има потреба да биде блиску до вас и постојано прави напори да се најде во ваша физичка близина.
Случајно се наоѓа на места каде што сте вие, инсистира на средба доколку имате контакт, или се доближува до вас кога сте во заедничка просторија.
- Потреба да ви се обрати
Ако му/и се допаѓате има потреба да ви се обрати. Без разлика какво е прашањето или што ќе ви каже, знаете дека сака да го држи вашето внимание кон себе.
Понекогаш, но поретко, постои и обратна психологија, луѓето намерно избегнуваат eye контакт или директно обраќање, но сакаат да бидете публика на нивните говори и постапки.
Во секој случај тие го сакаат вашето внимание без разлика дали е директно или посредно насочено.
- Срамежливост
Тие се срамежливи во ваше присуство и премногу внимаваат на тоа каков впечаток ќе остават.
Претераното внимание на своите постапки и зборови понекогаш ги прави трапави. Па ако се сопне во ваша близина или случајно му испадне чаша од рака, не очајувајте, тоа е добар знак.
Едноставно има премногу возбуда што не може да ја контролира.