Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со ковид-19, кои треба да бидат објавени за три до четири недели.
Комисијата на СЗО ќе се состане следната недела за да ги разгледа записите за ефективноста на лекот произведен од компанијата „Гилд сајенсиз“, пренесува Ројтерс.
Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминатан, рече дека се надева оти законодавците и телата што работат на развој на упатства за лекување на ковид-19 во земјите низ светот, ќе ги земат предвид резултатите од ова истражување.
Соединетите држави издадоа целосно одобрување за употреба на Ремдесивир за третман на пациенти со ковид-19. Сепак, обемна студија спроведена од СЗО на почетокот на оваа година покажа дека лекот најверојатно немал ефект врз стапката на преживување на хоспитализираните пациенти опфатени со студијата.