Саемот на книга 2021 ќе се одржи од 8. до 14. септември, во A1 Арена, С.Ц Борис Трајковски.
Саемот е поддржан од Министерството за култура, кое традиционално ја поддржува оваа голема културна манифестација.
Саемот на книга и оваа година ќе биде организиран во соработка со:
- Македонската Асоцијација на издавачи,
- Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ,
- Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија.
Саемот на книга претставува најпозната манифестација за читателите и е проследена со масовна продажба на книги.
Издавачите ги подготвуваат најновите изданија за презентација, а посетителите повторно ќе можат да изберат од големата и разновидна понуда.
За време на одржување на саемот протоколите за безбедност ќе бидат најстрого почитувани.
Се очекува посетата на саемот да биде на очекуваното ниво од повеќе од 20.000 посетители.
Под мотото „безбедни саеми“, Саемот на книга е првата саемска манифестација за годинава.