Не е важно само што јадете за вечера, туку и колку време пред да отидете во кревет јадете.

Се препорачува вашиот последен оброк да е најдоцна во 19 часот или 3 часа пред да одите на спиење.

Исто така треба да внимавате што јадете за вечера.

Ви предлагаме совршена вечера – пица двопек, а еве како да си подготвите.

Потребни состојки:

  • 1 леб
  • Томато сос
  • Кашкавал или сирење
  • Печурки
  • Маслинки
  • 1 јајце
  • 1 павлака
  • Маслиново масло
  • Зачини по избор

Подготовка:

Исечете го лебот на тенки кришки. Кришките ставете ги на тостер и запечете ги.

Премачкајте со томато сос.

Изрендајте кашлавал, додадете печурки и маслинки. Полијте со смеса од јајце, павлака, маслиново масло и зачини.

Запечете во рерна на 200 степени, 15тина минути.

Послужете со свеж зеленчук – краставички или домат.