Состојки:
- 3 лажички инстант кафе
- 2 лажички шеќер
- 500 мл полномасно млеко
- 4 топки сладолед од ванила
- чоколадо
- лажица какао во прав
- 2 лажици чоколаден сируп
- 80 мл слатка павлака
Изладеното млеко, шеќерот, меленото кафе и сладоледот од ванила ставете ги во миксер и оставете ги убаво да се измешаат споменатите состојки додека не добијат форма на смути.
Половина од смесата прелијте ја во чаша која претходно е украсена со чоколаден сируп. Додадете топка сладолед, малку чоколадо и посипете со какао во прав.
Изматете ја слатката павлака и додајте ја во ладеното кафе доколку сакате посладок напиток. Можете да додадете две до три коцки мраз за кафето да биде што поладно.