Румен Радев денеска имаше телефонски разговор со специјалниот пратеник на Велика Британија за Западен Балкан, сер Стјуарт Пич, соопштија од прес-секретаријатот на бугарскиот претседател.
Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија и земјите од Западен Балкан и клучното значење на евроинтегративниот процес за безбедноста и стабилноста на регионот.
Шефот на бугарската држава ја изрази надежта за брзо решение на прашањето за гарантирање на правата на македонските Бугари, со нивно внесување во Уставот на Македонија, за откажување на јазикот на омраза кон Бугарија.
Постигнувањето реални резултати во билатералниот дијалог со Бугарија значително ќе го забрза евроинтегративниот процес на РСМ – нагласи Радев, а пренесе МИА.
Безбедносното опкружување во Источна Европа, во контекст на ескалацијата на тензиите во Украина, исто така беше меѓу темите на разговорот меѓу претседателот Румен Радев и Стјуарт Пич, соопшти прес-секретаријатот на претседателот на Бугарија.