Неодамна Португалскиот Парламент усвои закон со кој на работодавачите им се забранува да им се јавуваат или да им пишуваат пораки на своите вработени кои работат на далечина по крајот на работното време, а се чини дека сè повеќе земји ја прифаќаат оваа идеја.

Белгија се додаде на списокот земји кои го поддржуваат правилото „Право на исклучување“ по работното време.

Ова правило од 1 февруари 2022 година ќе се воведе за државните службеници во земјата, давајќи им право да игнорираат контакти поврзани со работата кога се надвор од работното време.

Шефовите можат да контактираат со своите вработени само во итни случаи, во ситуации кога не може да се чека до следниот работен ден, на пример, исклучителни или непредвидени околности.

Од било која друга причина, забрането е контактирање со нив надвор од работното време и против правилата е да се казнуваат работниците што не одговараат на повици или мејлови.

Дали вакво правило треба да се воведе и кај нас?