Што би се случило кога работниот ден би бил пократок од осум часа?
Внимението кое се повеќе се насочува кон правата на работниците и продуктивноста на компаниите во текот на пандемијата, довело до тоа некои вработени да започнат да се поигруваат со новите пристапи на работната недела на кои досега бевме навикнати.
Многу се зборува за четиридневна работна недела. но додека тридневниот викенд е добра помисла, собирањето на пет дена работа во само четири може да се покаже како стресно за некои работници и нивните работодавачи – дури можат да се сметаат и за неодржлива опцција.
Меѓутоа, постојат и други алтернативи, пренесува BBC.
Некои организациски психолози предлагаат скратување на работниот ден.
Одјавувањето од работа после пократок временски период, како што е шест часа наместо осум, би можело да се покаже како практично решение за повеќе видови на дејности, како и да постигне многу кога е во прашање унапредувањето на животите на работниците.
„Зависи од работа до работа…“
Има дејности кои мораат да останат достапни пет дена во неделата“, вели Селест Хедли, авторка на „Не работите ништо: Како да расчистите со прекувремената работа, премногу работа и премалку живот.И кај тие видови на дејности можеби би било полесно и поприфатливо да се скрати работниот ден, вели таа.
Во теорија, скратениот работен ден може да делува како екстравагантна идеја, на крајот на краевите, работодавачите сакаат да земат што е можно повеќе време од работникот, а идејата „осумчасовен работен ден е вкоренета во индустријализираните општества“, вели Хедли.
Сепак, повторно постојат убедливи аргументи за пократок работен ден поврзани со зголемената благосостојба на работниците и потенцијално зголемување на продуктивноста.
Можно е, спротивно на врежаните норми, вработените да работат поефикасно и со подобра концентрација ако после тоа не одат порано дома.