До 2031 година се очекува Европската унија да го зголеми производството на органско млеко, да ја намали побарувачката на говедско и свинско месо, како и малку да ја зголеми побарувачката за живина и овци.
Европската комисија објави извештај за земјоделските прогнози на Европската унија за периодот од 2021 до 2031 година.
Во наведениот период се очекува растот на производството на млеко и млечни производи да забави до 0,5 отсто годишно, а до 2031 година тој да изнесува околу 162 милиони тони.
Додека растот на органското производство се очекува од 3,5 отсто во вкупното производство, колку што беше во 2019 година, на околу 8 отсто во 2031 година.
Се очекува ЕУ да остане најголем снабдувач во трговијата со млечни производи, иако нејзините најголеми конкуренти, Нов Зеланд и Соединетите Американски Држави, ќе забележат благ раст од 0,2 и еден процент, соодветно. Производството најмногу ќе расте во земјите во развој.
Свежите млечни производи на ЕУ би можеле да имаат корист од растечкиот извоз, кој се очекува да достигне 1,8 милиони тони во 2031 година.
Органските производи се повеќе се користат не само во малопродажбата, туку и во угостителството, но најчесто како состојка. Идентификувањето на клиентите е предизвик, освен ако не е наведен производител.