Несоницата може да е директна последица од лошите навики и таа може да се искорени со мала промена на животниот стил.
Квалитетен сон е неопходен за живот и здравје и секоја здрава единка треба да тежнее најмалку кон 8 часа непрекинат сон во текот на ноќта.
Потенцијалните проблеми со спиењето може да ги избегнете на следен начин:
- Вода
Пред спиење не претерувајте со пиење вода или течности кои се деуретици бидејќи тоа ќе ги остави будни вашите бубрези и ќе ви пречи во заспивањето.
- Уморете се
Ако сте имале поладневна дремка или цел ден сте го потрошиле во одмор, тогаш не треба да ви е чудно што вашето тело наместо одмор навечер ќе ви бара активност.
Осигурајте се дека сите умствени и физички активности сте ги завршиле во текот на денот, а ноќта резервирајте ја за сон.
- Избегнувајте стрес пред спиење
Избегнувајте содржини кои ви предизвикуваат стрес непосредно пред спиење.
Не гледајте ТВ, не читајте содржини на Интернет кои се вознемирувачки бидејќи тоа може да го наруши душевниот мир, дури и да предизвика кошмари.
- Алкохол и медикаменти
Не заспивајте под дејство на алкохол или медикаменти, бидејќи тие значително го нарушуваат квалитетот на спиењето.
Ќе ви помогнат веднаш да заспиете, но втората фаза од спиењето кога сонот треба да е најдлабок всушност ќе се појават проблеми, бидејќи алкохолот и медикаментите ги оптоваруваат системот за варење и црниот дроб.