Серафим Саровски (роден на 19 јули 1759 – починал на 14 јануари 1833 e православен светец, еден од најголемите руски подвижници, претскажувачи и чудотворци, се одликувал со големо смирение. Кога целиот свет го славел, тој себеси се нарекувал „сакатиот Серафим“.
Свети Серафим е еден од најпочитаните руски светци. Тој е основач на Дивевскииот женски манастир. Во 1903 година станал светец по иницијатива на рускиот император Николај II.
Денеска го празнуваме споменот на светиот Серафим Саровски, кој со својата љубов забораваше на себе и се предаде на служба за своите браќа а неговото срце отворено за сите ги прифаќало. Јас се удостоив да го носам неговото име, толку свето а јас толку грешен. По неговите молитви Бог да ги засили моите плеќи за достојно да го носам даденото бреме! Среќен празник за многу години, стои во фејсбук објавата на отец Серафим Алексовски.