Со проучување на карактеристиките на болеста КОВИД-19, забележани се одредени совпаѓања со симптомите и состојбите што се јавуваат при недостаток на магнезиум.
Ова ги заинтересирало научниците, бидејќи недостаток на магнезиум, минерал вклучен во стотици витални функции, е доста чест во западниот свет.
Зошто се испитува врската помеѓу магнезиум и корона вирус?
Пандемијата КОВИД-19 најтешко ги погодува луѓето кои веќе имаат одредени здравствени проблеми како што се дебелина, хипертензија, дијабетес и хронично опструктивно белодробно заболување.
Овие лица се поподложни на тешка болест – КОВИД-19.
Интересно, сите овие болести се поврзани и со ниско ниво на магнезиум, што може дополнително да се влоши со земање на одредени лекови (на пример, диуретици и инхибитори на протонска пумпа).
Интересна врска помеѓу фактот дека најголем број на тешки случаи на КОВИД-19 болест и смртност има кај постари лица кои се природно склони кон недостаток на магнезиум поради лошата исхрана, други болести и земање разни лекови.
Неодамна објавената студија, која привлече големо внимание во медиумите, покажа врска помеѓу ниското ниво на витамин Д и коронавирусната болест кај европската популација.
Многумина не знаат дека магнезиумот е неопходен за активирање на витамин Д во организмот.
Значи, ако телото нема доволно магнезиум, нема да може да ги користи придобивките од витамин Д.
Друга точка што треба да се разгледа е односот што постои помеѓу магнезиумот и стресот.
Едно од најсилните ефекти на пандемијата е зголемен стрес поради карантин, разни ограничувања, страв и економска несигурност.
Стресните хормони предизвикуваат трансфер на магнезиум од клетките во вонклеточниот простор, што доведува до зголемена екскреција на магнезиум преку урината.
Недостаток на магнезиум го зголемува нивото на стресни хормони и создава маѓепсан круг на намалена отпорност на стрес и понатамошно губење на магнезиум од телото.
Испитувајќи го внесот на магнезиум преку вода, научниците укажале на можноста дека недостаток на овој минерал предизвикува потешки последици од болеста КОВИД-19.
Со оглед на бројните функции на магнезиум, неодамнешно истражување спроведено од група италијански и француски научници претпостави поврзаност на магнезиум со КОВИД-19 болест.
Иако оваа хипотеза бара детално тестирање, тие извршија еден вид прелиминарна анализа.
Анализата е направена на потрошувачи во САД кои, од една страна, трошат „потешка“ вода, побогата со магнезиум и „помека“ вода, која има помалку.
Прелиминарната анализа покажа дека последиците од корона вирус се потешки во области со помал внес на магнезиум, односно кај популацијата што го внесува помалку преку вода.
Сигурно е дека ќе се направат пообемни анализи кога ќе бидат достапни сите релевантни податоци, но сигурно е дека магнезиумот што ни е потребен на дневна основа мора да биде внесен во доволни количини.
Водата што содржи магнезиум и е нејзин природен извор може значително да придонесе за соодветно дневно внесување на овој витален минерал.
Соодветниот внес на магнезиум е важен за нормалното одвивање на многу метаболички функции, како и поддршка во борбата против стресот предизвикан од пандемијата, како кај здравствените работници, така и кај општата популација кои треба да се соочат со бројни промени во животниот стил.