Oблачно со пообилни врнежи (локално над 25л/м2) кои во западните и северните делови, како и на повисоките места ќе бидат претежно од снег.
Ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 3, а максималната ќе достигне 5 степени.
На пониските делови ќе се формира мала снежна обвивка.