Светот влезе во ера на пандемии и ние треба да се подготвиме за одбрана, беше речено за време на Светскиот самит за здравство во Рим.
Вирусолозите, како што пренесуваат медиумите, предупредуваат дека корнавирусот ќе стане ендемичен, постојано присутен на целата планета, кој ќе биде загрозен поради постоењето на мноштвото вируси, а одбрана ќе бидат вакцините и различниот начин на живот.
По Светскиот самит за здравје во Рим, земјите учеснички ја потпишаа Римската декларација, објавена на веб-страниците на Европската комисија и Италијанскиот здравствен институт.
Непосредно пред самитот, 26-те светски експерти го потпишаа извештајот.
На состанокот беше речено: „Ниту една земја не може да се бори сама против Ковид-19, ние мора да работиме заедно, а пандемијата нема да запре сè додека сите не добијат еднаков пристап до ресурсите“.
На состанокот беше заклучено дека во овој момент повеќе од 1,6 милиони вируси циркулираат на планетата меѓу птици и цицачи, од кои 700.000 можат да се пренесат на луѓето.
Досега, 250 од вирусите се идентификувани кај луѓе, додека другите сè уште не се преселиле „од еден во друг вид“.
Вирусологот Питер Пиот, кој го издвои геномот на вирусот ебола во 1976 година, објасни дека вирусите се паметни затоа што се во постојана потрага по домаќин, било да се тоа растенија, животни или луѓе, за да можат да се размножуваат.
Пиот, кој работи во Лондонското училиште за хигиена и тропски болести, верува дека ковидот нема да биде последната смртоносна епидемија.
–Живееме во ера на пандемии и мислам дека ќе имаме сè повеќе од нив, казнети сме затоа што не живееме во хармонија со природата, рече тој на прес-конференција.
Добро познат италијански вируолог од болницата „Сако“ во Милано изјави дека новите големи епидемии ќе предизвикаат мулти-отпорни микроби, кои претставуваат најголема закана во оваа деценија.