Адам Шауб од Хјустон работел надвор на температура од 37 степени, па решил да се разлади со ладна вода.
–Студената вода е добра, како може да биде лоша? Па, дознав. Работев надвор на температура од 37 степени (не е добра идеја само по себе) кога мојата мајка тогаш забележа дека сум црвен во лицето и дека треба да направам пауза. Веднаш зедов шише ладна вода и го испив. После тоа, татко ми ми предложи да одам во камионот да се разладам. Го сторив тоа и испив уште ладна вода, по што почнав да се чувствувам чудно. Видов некои точки, одеднаш многу ме болеа и рацете и нозете почнаа да ми се тресат се чувствував како да повраќам, па ја отворив вратата и следното што го паметам е дека паднав.
За овој случај коментираше и д-р Сара Арвис, која објасни дека Адам се онесвестил затоа што пиел ладна вода премногу брзо, што ги стимулира нервите и доведува до проширување на крвните садови во синусите.
Таа истакна дека видела повеќе случаи на луѓе кои се разболуваат после пиење ладна вода, па затоа и не го препорачува тоа.
Сепак, некои лекари веруваат дека студената вода не е таа што доведува до губење на свеста во топлината, а исто така и топлотната исцрпеност и дехидрираност придонесуваат, па апелираат за доволен внес на течности во текот на денот.