Драма за која биле потребни секунди да се претвори во трагедија се случила во авионот на „Флајдубај“ во петокот околу 14 часот на пистата на аеродромот „Никола Тесла“.
Летот FZ1746 од Белград до Дубаи можел да биде прекинат само неколку минути по качувањето на патниците, бидејќи авионот предоцна се „откачил“ од пистата. Имено, „Боингот 737-8 МАКС“ го прелетал прагот на пистата на висина од само неколку метри.
Според добро информиран извор за Објектив, патниците не биле ни свесни дека нивните животи се во опасност, иако авионот почнал да се качува невообичаено бавно, по што прелетал покрај пистата на височина помала од 10 метри.
Иако пилотите го пресметале полетувањето користејќи ја целата должина на пистата, која е 3.000 метри, поради некоја причина тие не полетале од нејзиниот почеток, туку од место еден километар подолу по пистата, во правец на автопатот. Трагедијата беше избегната во последен момент, бидејќи авионот едвај ја прелета заштитната ограда и требаше да заврши на делници од автопатот во близина на аеродромот, рекол изворот.