Музафер Кајасан од Турција 14 месеци е позитивен на корона, поради што вкупно девет месеци поминал во болница, а пет дома, во изолација. Досега има направено 78 тестови за ковид и секој пат резултатите биле позитивни!
Овој човек, кој дефинитивно е своевиден рекордер меѓу пациентите со Ковид, инаку боледува од леукемија. Првпат му беше дијагностицирана корона во ноември 2020 година, кога беше примен во болница. Тој беше пуштен дома по две недели, но тоа, како што се испоставило, бил само почеток.
Според турските мерки, самоизолацијата се прекинува по две недели доколку тестот за корона е негативен. Сепак, сите 78 тестови кои Кајасан ги направил досега покажаа дека тој е се уште позитивен.
Музафер апелираше до властите да најдат решение за неговата ситуација поради која деновите ги поминува сам дома, а децата и внуците да ги гледа само низ прозорец.
Лекарите кои го следат неговото здравје велат дека тестовите за корона се уште се позитивни бидејќи неговата леукемија го ослабила неговиот имунолошки систем. Додаваат дека преживеал благодарение на лековите кои му биле дадени за да му го зајакне имунитетот.