По повеќе истражувања, научниците дошле до заклучок дека осаменоста влијае на нашето тело на специфичен начин и предизвикува одредени процеси во нашето тело што можат да ги зголемат шансите за добивање на некои болести.
Некои од новите истражувања покажаа како осаменоста влијае на нашето здравје. Имено, осаменоста влијае на развојот на белите крвни зрнца, кои го уриваат нашиот имунолошки систем, а природната борба против болеста не успева.
Послабиот имунитет ни олеснува да подлегнеме на воспаленија и разни болести, а кога станува збор за постари лица – осаменоста може да предизвика физички и ментални нарушувања.
Кога сме во општество и кога сме социјални, кога разговараме и ги споделуваме нашите знаења и мисли, тогаш имаме можност да ги споделиме своите проблеми со другите, да работиме на себе и да размислиме повеќе – што сите заедно го прават нашето тело да се бори со сè што се заканува.
Доволно е што ни недостасува друштво и некој со кого би го споделиле секојдневието, и дека нашето тело го нема тој стимул за борба.