Пневмонијата е главната манифестација на инфекција со ковид-19.
Тешките форми можат да предизвикаат огромно оштетување на белодробните клетки и ендотелот на крвните садови со активирање на процесот на згрутчување на крвта и намалување на бројот на тромбоцити, што може да доведе до микротромбоза на венска или артериска циркулација и последователна дисфункција на повеќе органи (бели дробови, бубрези, срце, мозок).
Вакцините се користат за спречување на такви тешки форми на болеста што може да доведе до трајно оштетување или откажување на органите, па дури и смрт.
Тешки форми на ковид се јавуваат многу почесто од исклучително ретките случаи на тромбоза поврзани со употребата на т.н. векторски вакцини.
Сè уште не е познато дали постојат состојби што можат да го фаворизираат развојот на таква тромбоза.
Со оглед на тоа што такви случаи се пријавени и кај млади здрави жени, се покренаа прашања дали употребата на хормонална контрацепција е еден од предиспонирачките фактори.
Во нашата земја, употребата на хормонална контрацепција е релативно недоволно застапена, за разлика од Западна Европа каде што контрацептивни средства се широко користени кај жени од адолесценција до пременопауза и во овој поглед се очекува многу поголем број на случаи на тромбоза отколку што е забележано.
Зголемен ризик од тромбоза со хормонална контрацепција е поврзана со зголемена синтеза на фактори на коагулација во црниот дроб, додека кај вакцините е поврзана со имунолошки одговор со производство на антитела кон тромбоцитниот фактор 4.
Слично на тоа, може да се појави за време на третманот со хепарин, затоа хепаринот сè уште се користи како непроценлив лек во медицината.
Вакцината треба да се разгледува подеднакво.