Втора шанса може да си дадете само себе си, сите други втори шанси, бараат трети шанси, четврти и така до бесконечност.
Вистината е дека, односите не може да се рехабилитираат, штом еднаш ќе се расипат тие може да станат само полоши, не заради тоа што ќе има многу лоши моменти туку заради тоа што болката што сте ја доживеале од некој повторно ќе ве враќа наназад.
Зрелите луѓе се свесни дека секој изговорен збор прави трага во нечија свест и дека тој не може да се врати, секоја лоша постапка исто така.
Зрелите и одговорните индивидуи, внимаваат да своите зборови и дела, доколку сакаат некој да остане во нивниот живот засекогаш или барем да ги памети по добро.
Само инфантилните луѓе, сметаат дека може било што да кажат или направат, а веднаш потоа да ја „испеглаат“ ситуацијата, да добијата простување и да продолжат по старо.
Но иако понекогаш им успева да добијат простување, односот веќе никогаш не е ист како порано и останува вечна трага од тоа што го направиле.
- Односите не може да се рехабилитираат
Ако чашата еднаш пукне, таа може да се залепи, ама никогаш нема повторно да можете да пиете од неа, бидејќи ќе остане мало парче што ќе ви ја сече устата и ќе создава болка.
Така е и со односите.
Затоа пред да изговорите нешто, знајте дека зборовите не може да се вратат, сите дела остануваат вечно забележани од оној кон кој сте постапиле несоодветно и се има големо влијание врз иднината на вашиот однос!