Обединетото Кралство е првата земја во светот која ја одобри употребата на антивирусни пилули кои би можеле да помогнат во борбата против пандемијата.
Регулаторното тело на MHRA го одобри молнупиравир за орална употреба веднаш по позитивен тест или до пет дена по почетокот на симптомите.
Ова е првиот некогаш одобрен орален антивирусен лек за Ковид 19, кој наскоро може да биде одобрен во Соединетите Држави.
Податоците од истражувањето сугерираат дека молнупиравир може да ги „преполови“ шансите за хоспитализација или смрт од ковид кај најзагрозените пациенти, кога третманот се започнува додека болеста е сè уште во повој.
Лекот го произведува компанијата „Мерк“ (Мерк), која најави дека се надева дека ќе произведе десет милиони дози од лекот до крајот на годината, а уште 20 милиони во текот на 2022 година.