Летното сметање на времето почнува од недела, информираат од владината служба.
Од таму додаваат дека Владата на денешната седница ја донела одлуката за утврдување на летното сметање на времето, кое во 2021 година почнува на 28 март во 2 часот.
Во недела часовниците ќе се поместуваат еден час напред, што значи дека 00.00 според сегашното сметање на време, ќе се пресметува како 01.00 во летното сметање на време.
И покрај најавите за укинување на зимското и летното сметање на време и изедначување на часовникот, сепак и оваа година владата донесе одлука, да се водиме според зимското и летното сметање на времето.