Учениците кои денеска се појавија во училиштата со надеж дека ќе го почнат својот нов школски ден, беа вратени од наставниците со образложение дека денеска наставниците штрајуваат.
Наставниците велат дека не знаат до кога ќе трае штрајкот и се додека не се исполнат нивните барања, учениците нема да се вратат во училишните клупи.
Премиерот Димитар Ковачевски ја искоментира одлуката за штрајк на СОНК и истакна дека организацијата на процесот на образование особено во основните училишта мора да има и за тоа треба да се погрижат МОН, училиштата и општините.
Имаме многу јасен закон во однос на организирање штрајк во сите делови. Училиштата, МОН, општините – кога се работи за основно образование, треба да го организираат работниот процес, бидејќи децата мора да имаат образование. Особено затоа што излеговме од период на пандемија скоро по две години кога децата мораа да седат дома, рече Ковачевски.