Пластичните кеси од 1 декември се забрануваат, а на пазарот ќе се продаваат биоразградливи ќеси за 15 денари по парче кои ќе треба да бидат произведени според пропишани стандарди за биоразградливост.
Ова се предвидува во Законот за управување со пакување и отпад од пакување кој Собранието го донесе пред два дена.
Во законот истовремено се утврдува и дека трговците се должни да водат евиденција на квартална основа за бројот на продадени кеси, која треба да ја доставуваат до стручниот орган.
Вкупната сума добиена од надоместокот од продадените кеси, трговците треба да ја пренесуваат на посебна сметка отворена за таа намена на органот за животна средина.
Дополнително, со него се забранува и пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во земјава.