Специјалното обвинителство во Хаг најверојатно ќе пријави 153 сведоци во судскиот процес против припадниците на терористичката Ослободителна војска на Косово, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весеjи и Реџеп Селими, обвинети за скоро 100 убиства, како и за тортура, прогон, киднапирање и присилно затворање на најмалку 400 цивили.
Како што е соопштено во предлогот, обвинителите се потпирале на 153 сведоштва при пишувањето на обвинението – кои сведоци досега најавија дека ќе дојдат на суд или ќе имаат видео сведоштво.
Обвинението, кое ги обвинува четворицата за војна и злосторства против човештвото, ќе потврди 1.842 докази заедно со преводите. Има 43.108 страници, 20 часа 17 минути и 30 секунди аудио и видео материјал.
Обвинителите ќе бараат посебна заштита за голем број жртви, како и за сведоци споменати во доказите, за кои посочија дека се многу важни.