Коронавирусот влезе во старскиот дом „Санкт Мариен“ во градот Белм по повторната вакцинација на одделенијата.
Домот за стари лица во целата корона-криза помина без инфекција сè до почетокот на февруари кога беше утврден британскиот вид, дури и меѓу ревакцинираните одделенија.
Сите во тој дом биле ревакцинирани, но кога секојдневниот брз тест кај една негувателка беше позитивен, се утврди дека и 14 штитеници биле заразени со британскиот вид коронавирус.
Сите жители на домот ја примија втората вакцина на „Фајзер-Бионтек“ на 25 јануари, а засега е нејасно кога се заразиле.