Нови промени во здравствениот систем, гарантираат најавените измени на Законот за здравствената заштита кој денеска беше усвоен на седница на Влада.
Како што е нагласено во соопштението од ресорното министерство, со новините во законската регулатива се отвора можноста лекарите да заработат уште повеќе, а услугите за пациентите да бидат подостапни.
Министерството за здравство, сега со новите измени овозможува лекари специјалисти да работат во кое било ЈЗУ во државата.
Измените на Законот предвидуваат: Лекарите специјалисти вработени во која било државна или приватна здравствена установа да може да дежураат, во која било здравствена установа ширум државата согласно дефицитот на нивната специјалност во одредена болница или регион.
Од крајот на следната година, општите лекари вработени во здравствените домови, и педијатрите и гинеколозите вработени во болничкиот сектор, ќе може да бидат и матични лекари, согласно дефицитот од тие матични лекари, во различни региони од државата, што ги утврдува Министерството.