Веројатноста невакцинираните луѓе да умрат од последиците на Ковид-19 е 32 пати поголема во споредба со луѓето вакцинирани со две дози, покажаа резултатите од новата британска студија.
–Постои „значително помала“ стапка на смртност од ковиди кај оние кои се вакцинирани со двете дози во споредба со оние кои се вакцинирани со единечна доза или воопшто не се вакцинирани, соопшти Британското национално биро за статистика (ONS).
Стапките на смртност приспособени според возраста, кои ги земаат предвид разликите во возраста и возрасните групи, беа користени во студијата и анализата на ONS за да се добие валидна споредба на различни вакцинирани и невакцинирани групи.
Резултатите покажаа дека во периодот од 2 јануари до 21 септември годинава стапката на смртност кај невакцинираните била 849,7 на 100.000 жители, јавуваат англиските медиуми.