Вчера се случи отворањето на нов модерен спортско-адреналински парк на кејот на Вардар во населбата Карпош 4.
Притоа, по обиколката на паркот, кој се протега на над 10.000 метри квадратни, премиерот Заев го истакна овој проект како исклучително значаен, не само за жителите на Општина Карпош, туку и за скопјани и за сите граѓани кои сакаат адреналински атракции и имаат авантуристички дух.
Паркот е од полза за граѓаните заради тоа што се наоѓа на простор кој претходно беше неискористен и запуштен, а во иднина ќе пружи можност за рекреација и занимавање со спортски активности на граѓаните од сите категории, децата, младите и повозрасните.