Дел од симптомите што ги пријавуваат пациентите заразени со новиот сој омикрон се разликуваат од оние што преовладуваа со алфа, бета и делта сојот.
Трите симптоми што преовладуваат кај сите варијанти на коронавирусот се висока температура, кашлање и губење или промена на чувството за мирис и вкус.
Последните извештаи покажуваат дека омикрон има пет различни симптоми, како што се гребење на грлото (кај претходните варијанти се јавуваше болка во грлото), сува кашлица, екстремен умор, благи болки во мускулите и ноќно потење.
Докторката Анџелик Коција, претседателка на Јужноафричкото медицинско здружение и една од првите што го откри сојот омикрон, вели дека кај пациентите во нејзината клиника забележала дека симтомите се поинакви од делта-варијантата.
Таа вели дека нејзините пациенти чувствувале голем замор, благи болки во мускулите, гребење на грлото и сува кашлица. За разлика од претходните варијанти, омикрон не предизвикува губење на чувството за мирис и вкус.
Ноќното потење како нов симптом првпат е забележан токму во Јужна Африка.