Годинешни добитници на наградата на романот за економски науки се Дејвид Кард, Џошуа Ангрист и Гвидо Имбенс, објави Нобеловиот комитет.
Во соопштението се вели дека нивните откритија дадоа голем придонес во проучувањето на пазарот на трудот.
Придонесот на наградуваните економисти е во експерименталната студија за миграцијата и нејзиното влијание врз платите и вработувањето и во објаснувањето како образованието влијае на нивото на приходот на вработените, според членовите
–Клучно е во истражувањето да се користат ситуации во кои случајни настани или политички промени влијаат на некои групи луѓе да се третираат поинаку. Тоа е метод сличен на клиничките испитувања во медицината, се вели во соопштението на Нобеловиот комитет.
Се вели дека преку експерименти, Дејвид Кард го анализирал влијанието на ниските плати, миграцијата и образованието на пазарот на трудот.
Резултатите од неговото истражување покажаа дека зголемувањето на минималната плата не мора да доведе до намалување на работните места.
Тој, исто така, покажа како луѓето родени во земјата во која емигрираат можат да ги искористат придобивките од доаѓањето на странци, во однос на заработката. Тој, исто така, покажа дека образованието е многу важно за успех на пазарот на трудот.
Во средината на 1990-тите години, Џошуа Ангрист и Гвидо Имбенс решија методолошки проблеми во овој тип на истражување и покажаа колку прецизни заклучоци може да се извлечат од природни експерименти. Тие ја проучуваа и објаснија подетално улогата на образованието на пазарот на трудот.
На конкретни примери, двајца научници покажаа дека продолжувањето на образовниот процес не влијае на сите ученици на ист начин.