Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најави дека решение на спорот со Бугарија ќе има наскоро и тоа годинава токму на пролет.
Според него, решение за спорот со Бугарија е клучно за иднината на Македонија.
Од таа причина, според лидерот на ДУИ најважно е Македонија да работи континуирано и напорно на изнаоѓање на решение бидејќи тоа е од поголема полза за Македонија отколку за Бугарија.