Во текот на летните одмори, граѓаните се жалеа на преголемиот сообраќаен метеж по државните патишта и задржувањето како на границите за влез и излез од државата, така и на патарините. Таа состојба им отежна најмногу на професионалните возачи и луѓе кои секојдневно деловно патуваат или често ги поминуваат границите на дражавата. 

Од Автомото сојуз на Македонија, известуваат дека денеска не се забележува преголем сообраќаен метеж на државните патишта и дека нема подолго задржување на граничните премини за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Со однос на влажното време и влажните коловози АМСМ апелираат до граѓаните да патуваат со прилагодена брзина и да ги почитуваат сообраќајните знаци на пат.