Завист и љубомора се чести човечки емоции и се чини дека е невозможно да најдеме човек кој барем еднаш во животот не ја почувствувал горчината на оваа емоција. Но додека некои луѓе завист и љубомора кај другите ја третираат како евалуациска мерка за сопствен успех, другите се чувствуваат лошо или виновни затоа што сметаат дека направиле нешто со што ги обесправиле оние кои се завистни и љубоморни.
Во суштина нема потреба да се чувствувате лошо поради туѓата завист и љубомора, но и тоа како треба да ве загрижува доколку вие чувствувате завист и љубомора кон друг – тоа значи дека го сметате за подобар од себе или во крајна линија се споредувате себе си со него/неа.
Неколку работи што треба да ги знаете за зависните и љубоморни луѓе:
- Немаат корист од вашиот неуспех, но го посакуваат
Ако вие сте успешни и покажувате дека можете, оние кои не можат ќе ве мразат бидејќи покажувате дека е возможно да го направите она што тие не веруваат дека може да се направи.
Автоматски ги соочувате со нивната одговорност за својот неуспех, а луѓето бегаат од одговорности.
- Тоа што е љубопитен не значи дека не е љубоморен
Тоа што одреден човек е заинтересиран за она што го правите и бара информации со кои ќе се упати во вашата работа, не значи дека е заинтересиран генуино, напротив можеби токму зависта ја инспирира неговата љубопитност и интерес.
Во суштина таквите луѓе чекаат само да се пожалите или да слушнат нешто за вашиот неуспех и да слават додека вие се трудите да го исправите она што животот го нанесува природно – а тоа е неуспехот.
Секој од нас доживува неуспех, разликата е само како се справувааме со него!
- Најголем број од љубоморните луѓе ги имате токму во ваша близина
Тоа што некој ви е „пријател“ не значи дека ви го посакува сето добро на овој свет. Напротив, оној што е тука само кога ви е лошо, а не може да поднесе кога се радувате и ги славите вашите успеси, ужива во глетката да сте на дното.
Ваше е само да сфатите дека луѓето се такви и тоа не треба да ве вознемирува. Туѓата завист не е ваш проблем!