Додека подготвуваше една од епизодите на емисијата „Вистината за спиењето“ на „Би-Би-Си“, британскиот лекар Мајкл Мосели откри зошто лошиот сон влијае на нивото на шеќер во крвта и гладот.
Во ова истражување му помагаше д-р Елеонор Скот од Универзитетот во Лидс.
Група волонтери, под будното око на д-р Скот, беа под постојан мониторинг на гликоза за да проверат што се случува со нивото на шеќер во крвта кога спиеме добро, но и кога ни недостасува сон.
Волонтерите спиеја нормално две ноќи, а следните две ноќи легнуваа три часа подоцна од вообичаеното. Ним им се придружи д-р Мајкл Мозли, кој го опиша искуството како многу непријатно.
-Бев непријатно изненаден од тоа колку бев гладен во деновите кога бев лишен од сон. Така беше и со моите колеги волонтери. Кога дојдовме за резултатите, сите се жалеа на истите симптоми, рече д-р Мозили.
Сите учесници – без разлика дали подлегнаа на нагонот за слатки, или дали успеаја да се држат до нормална диета – имаа зголемено ниво на шеќер во крвта, до точка каде што некои здрави лица имаа ниво на граница со дијабетес тип 2.
Интересно е што овие проблеми беа решени по неколку добро спиени ноќи.
Зошто се случува ова?
Д-р Скот објасни:
–Кога сме лишени од сон, ни се нарушуваат нивоата на хормони кои влијаат на нашиот апетит. Ова нè прави почесто гладни, а истовремено ја намалува веројатноста дека ќе бидеме задоволни со нормална количина на храна. Ние исто така знаеме дека кога луѓето не спијат доволно, тие често копнеат по слатка храна.
–Ако сме будни во моментите кога нашето тело е навикнато да спие, телото произведува повеќе хормони на стресот, кортизол, што може да влијае на нивото на гликоза следниот ден, заклучува д-р Скот.