Сите учебници во кои се спомнуваат навреди или преку кои се шират национални и етнички стереотипи ќе бидат отстранувани од предметните програми.
Првиот таков случај беше со учебниците по историја, за кои дел од историчарите и владата увидела постоење на стереотипи и навреди кои се деструктивни за македонското општество и стимулираат меѓуетничка омраза.
Покрај учебниците по историја, ќе бидат отстранети и учебници по географија во кои се увидени слични содржини како во учебниците по историја.
Оваа најава ја даде премиерот Зоран Заев кој како оправдување за отстранувањето на учебниците го наведе ширењето на стереотипи за Албанците во учебникот по географија за втора година средно образование.