Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет во областа на човековите права, соопшти секретарот на Комитетот за доделување награди.
– Ова е трет најголем број номинирани досега – изјави за „Ројтерс“ секретарот на норвешкиот Нобелов одбор, Олав Њолстад. Во 2016 година имаше рекордни 376 кандидати.
Од вкупниот број оваа година, 234 се физички лица и 95 организации.
– Тоа го одразува големиот меѓународен интерес за Нобеловата награда за мир. Тоа веројатно укажува на постоење на голем број нерешени конфликти, војни и проблеми со човековите права низ целиот свет – додаде тој.
Нобеловиот комитет не коментира кој е номиниран, но оние што ги номинирале, вклучително и членови на парламенти ширум светот и поранешни добитници, можат да ги откријат своите кандидати.
Русинот Алексеј Навални, Светската здравствена организација и Швеѓанката Грета Тунберг се меѓу номинираните за годинешната награда, според анкетата на „Ројтерс“ за норвешките пратеници чии номинации победија во последните неколку години.