Во вториот квартал од 2021 година, според податоците на Еуростат, имало 103.895 баратели на азил кои за првпат поднеле барање за меѓународна заштита во некои од земјите на Европската унија.
Во споредба со вториот квартал од 2020 година, тоа е раст од 115 проценти, а во споредба со првиот квартал од 2021 година, раст од девет проценти.
Сепак, Еуростат нагласува дека најновата бројка е се уште под нивото на препандемија. Во споредба со вториот квартал од 2019 година, бројот на оние кои првпат поднеле барање за азил е помал за 28 проценти.
Во вториот квартал од 2021 година, имаше 13.805 последователни барања за азил (луѓе кои повторно аплицираа откако беше донесена одлуката за претходната апликација), што е намалување за 51% во споредба со првиот квартал од 2021 година.