Седум авганистански цивили загинаа во сообраќаен метеж пред аеродромот во Кабул, објави британското Министерство за одбрана.
Новинар на Скај њуз вчера објави дека најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени на аеродромот во Кабул, каде што настана стампедо, додека илјадници луѓе сакаа да поминат низ портите на аеродромот, британското Министерство за одбрана утрово објави дека се убиени седум цивили од Авганистан.
–Условите на теренот се исклучително тешки, но правиме се што можеме за да ја држиме ситуацијата под контрола и што е можно побезбедно, додаваат тие.
Би-Би-Си потсетува дека аеродромот во моментов е под контрола на околу 4.500 американски војници, а таму има и околу 900 британски војници.
Талибанците ги контролираат контролните пунктови околу аеродромот и ги блокираат Авганистанците кои немаат патни исправи.