Во нашиот регион, постои земја која доби меѓународно признание за екологија и одржливост, пишува NationalGeographic.rs.
Обединетите нации ја прогласија 2017 година за Меѓународна година на одржлив развој на туризмот. Земја која доби најмногу поени во сите категории и со тоа ја освои титулата победник е Словенија.
Титулата „најодржлива“ земја дојде откако беше утврдено дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост.
Повеќето високо рангирани земји имаа околу 80 задоволни показатели.
Некои од нив се грижат за животната средина и климатските промени, биодиверзитетот, културната автентичност и други.
Оваа вест не изненади многумина бидејќи словенечкиот главен град ја доби титулата најзелен град во Европа во 2016 година.