На планетата Земја има повеќе од три милијарди вработени луѓе, возачи, фармацевти, чувари, директори, келнери, слаткари, лекари, наставници. Постои податок дека само 40 проценти од оваа бројка на вработени во светот се среќни на своето работно место и сакаат да одат на работа.
Останатите, речиси две милијарди, се несреќни на работа. Во превод, тие не ја сакаат својата работа или компанијата во која работат, без волја одат на работа, со задоволство би ја смениле, а сето тоа носи уште поголема тежина:
- Колку всушност оваа популација на „несреќни вработени“ придонесува за целокупната работа?
- Колку е (не)мотивирана?
- Колку труд вложува во својата работа?
- Колку таквиот пристап (не) придонесува за работењето на целата компанија?
Започнете од парите
Најлесно е да се почне од финансиите. Парите се двигател на вработените и првата причина што го крева огромното мнозинство од вработените од кревет и ги носи на работа.
Компаниите чии вработени се среќни бележат три пати поголеми приходи во споредба со компаниите чии вработени не се задоволни.
Среќните компании се трипати подобри на берзата. Флуктуацијата на вработените е за 50% помала таму каде што вработените се среќни. Во фирмите каде што кадарот е несреќен и незадоволен има двојно повеќе откази, нови вработувања, повеќе промени на исти позиции, чести се визит-картичките со нови имиња.
И кога веќе зборуваме за парите, вистинско прашање за еден сопственик на компанија во која работат несреќни вработени: колку чини да се смени сликата, вработените да го променат ставот кон работата и да бидат среќни и задоволни?
Одговорот на еден од поискусните истражувачи на ваквите појави би бил дека во овие ситуација улога не играат дури ни парите, а уште помалку пинг-понг масите, столовите за масажа или лулашките. Значи не станува збор за бенефиции. Станува збор за тоа како се третирани вработените од страна на нивните претпоставени и другите соработници.
Вработен и среќен – решението е тука и не чини ништо
Па, каде е решението? Да се смени целиот кадар, да се затвори компанијата, да мижите со двете очи со надеж дека работите „ќе си дојдат на свое место“?
Се разбира дека не.
Почитта и довербата се два столба кои мора да постојат во секој тим од среќни вработени. Тие не можат да се прескокнат и не можат да се заменат со ништо. Мајкл Буш, деловен психолог и долгогодишен истражувач, накратко им го објаснува ова на своите претпоставени:
Верувајте им на вашите вработени, охрабрете ги!
Одличен пример е купувањето на еден компјутер за вработен. За да се добие компјутер, во поголеми, па дури и средни компании, тоа е процес. Некогаш потребни се пет, десет или петнаесет одобренија за да се изврши тоа купување и потребните средства за работа на вработениот да стигнат него. Што тоа директно му кажува на истиот вработен?
Тој чувствува дека (најверојатно) не му верувате.